Радио Милева совршено семејство

Ријана за прв пат го покажа синот: Пејачката позираше со деветмесечниото бебе и ја воодушеви јавноста  (фото) 

Ријана за прв пат го покажа синот: Пејачката позираше со деветмесечниото бебе и ја воодушеви јавноста  (фото) 

Откако Ријана ја изненади публиката на настапот на Супер Боул и откри дека го чека своето второ дете, сега за прв пат го покажа деветмесечниот син со раперот АСАП Роки а фановите останаа воодушевени.

Ријана и нејзиното семејство ја красат насловната страница на британски „Вог“ за март, а во интервјуто зборуваше за одлуката да настапи на Супер Боул по долгогодишен бојкот, за мајчинството и новите песни.

На насловната страна на престижниот магазин, 35-годишната пејачка се држи за рака со раперот, кој го носи нивниот син во раце, бакнувајќи го во образ. Ова е првпат убавицата од Барбадос да сподели фотографии од својот син, кој го роди во мај 2022 година.

Таа на социјалните мрежи сподели фотографии од снимањето, а покрај нив напиша „моето совршено бебе“, а воодушевените обожаватели коментираа дека изгледаат како совршено семејство.

Да потсетиме, Ријана по настапот на Супер Боул објави дека оваа година очекува уште едно дете со раперот, а исто така рече дека сака да издаде и албум оваа година.

– Искрено, ќе беше смешно да не беше оваа година. Но, јас само сакам да се забавувам. Сакам само да правам музика и да снимам спотови – изјавила таа.

Фото: Принтскрин/Танјунг/Твитер

To top