До скоро јавноста речиси ја осуди на сметка на нејзиниот физички изглед. За Ријана говореа дека е дебела, дека е ненормално огрдена и дека таа повеќе не личи на себе.

Познавајќи ја нејзината природа не изненадува што пејачката од Барбадос не се огласи и не ги коментираше сите тие негативни коментари.
Очигледно таа работеше напорно за да се промени и да се врати на неверојатен начин во шоу бизнисот!
Последниве неколку дена социјално мрежи се “усвитија” од најновите фотографии на Ријана. На нив, пејачката никогаш не била толку секси и заводлива…

Имено, таа стана заштитно лице на еден бренд за долна облека, па повеќето од фотографиите се многу провокативни.

Станува јасно дека пејачката претходно, својата линија и изглед ги донела до совршенство.

„Ова е најдоброто од Ријана – кралицата; има подолги нозе од мојот живот; преубава… “ се само некои од коментарите кои се’ уште ги красат последните секси фотографии на пејачката.

На нив доминираат нејзинита долги нозе, кои таа пред неколку години и финансиски ги осигура!