Радио Милева Повторно со рапер

Ријана се впушти во нова љубовна романса со колега, а милијардерот веќе е минато за неа (фото)

Ријана се впушти во нова љубовна романса со колега, а милијардерот веќе е минато за неа (фото)

Светски познатата пејачка Ријана (32) и раперот Асап Роки (32) беа фотографирани заедно во Њујорк, што ги потврди приказните дека се во љубовна врска.

Пејачката и раперот се фотографирани во ресторанот „Beatrice Inn“ со пријателите, потврди извор во понеделникот за странските медиуми.

Двојката седеше на маса и вечераше, а гласините дека се во врска започнаа во декември 2019 година, кога заедно позираа на „Fashion Awards“ во Royal Albert Hall во Лондон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Таа ја прекина врската со арапскиот милијардер Хасан Џемил во јануари 2020 година по 3 години, а веднаш после тоа, во февруари, започнаа да кружат гласини дека таа „флертува“ со Асап Роки веднаш штом раскина со саудискиот бизнисмен.

– Тој секогаш мислеше дека Ријана е кул и убава, но не сакаше да ја премине границата бидејќи се многу блиски пријатели – изјавил извор близок на раперот во тоа време.

Роки го поврзуваа со Кендал Џенер пред Ријана и тие наводно биле во врска помеѓу 2016 и 2017 година, За потсетување, Ријана во својот љубовен живот досега имаше двајца рапери, Крис Браун и раперот Дрејк пред него.

To top