Популарната пејачка од Барбадос, Ријана со необична комбинација го привлече вниманието на папараците и јавноста.
Имено, сексапилната ар ен би ѕвезда во својот омилен ресторан во Лос Анџелес „Џорџио Балди“ се појави во црно мини фустанче, црни чевли со високи потпетиви на врзување и во широк и долг мантил-дуксер.
Пејачката со ваквиот стајлинг го потврди епитетот кој и се става за „кралица на стилот“, исто така и својот фантастичен и сексапилен изглед успеа да го привлече вниманието на медиумите, како и на јавноста ширум светот.
Инаку, Ријана (33) важи за една од најзгодните пејачки на планетава.
Во продолжение можете да погледнете и неколку фотографии од нејзината секси фигура во рекламните фотосесии за нејзините колекции на секси долна облека.