На поранешните учесници во реалното шоу „Задруга“, Љуба Пантовиќ, нејзината ќерка Александра Суботиќ и момчето Мирко Периќ, одморот во Црна Гора им се претворил во крвав хорор.
Според извор кој бил сведок на немилиот настан, мајката и ќерката биле забележани од толпа гледачи на реалното шоу по што биле навредувани, а на крајот ситуацијата кулминирала со брутален инцидент.
„Група пијани момчиња и девојки, беа седум или осум, ги забележаа Александра, Љуба и Мирко, кои беа сместени во приватна вила покрај базенот, што е на самата плажа. Почнаа да ги навредуваат мајката и ќерката со погрдни зборови, а Љуба не сакаше да им остане должна, па им возврати сакајќи да ги растера. Таа им викна: „Глувци, ајде, кој физички ќе се справи со мене лично“? Повеќето од нив отстапија назад со извици, но една од пијаните девојки го грабна шишето и тргна кон Љуба“ – вели изворот и додава:
„Кога девојката замавна и го фрли шишето кон Љуба, Мирко истрча пред неа, па беше погоден директно во главата. Шишето го удри по што се распарчи, а крвта почна да блика од неговата глава.
Александра врескаше, а Љуба не знаеше кому да му пријде прва, на момчето или на бремената ќерка. Толпата се разбега, а на Периќ набргу му беше укажана лекарска помош. Мислам дека целиот случај го пријавиле кај надлежните органи“ – заклучува изворот.
Да потсетиме, Александар Суботиќ е во деветтиот месец од бременоста и можно е да се породи во секој момент.
Фото: Инстаграм принтскрин