Мегафон концерти

„Рибља чорба“ ќе одржат концерт под ведро небо во Скопје

„Рибља чорба“ ќе одржат концерт под ведро небо во Скопје
Авалон продукција го најавува првиот концерт за 2021 година –  „Рибља чорба“ во Скопје на 27-ми јуни, на платото пред А1 Арена.Судбината сакаше после девет месеци од нашиот последен одржан концерт, концертот на „Бајага и Инструктори“ во септември минатата година, првиот нареден концерт да биде  токму со бендот во кој Бајага созреа и се изгради себеси како артист- „Рибља Чорба“, сигурно еден од најголемите рокенрол состави на Балканот на сите времиња.

„Многу сме среќни што ја отворaме сезоната на концерти во Скопје. Отсекогаш сме се радувале на свирки во Македонија, меѓу другото, затоа што Македонците знаат да ценат добар рокенрол и затоа што секој има уво и пее како славејче. Во исто време, ние сме тажни затоа што короната го зеде Миша Алексиќ од нас. Неговиот дух ќе биде со нас на 27-ми јуни во Скопје, пред салата Борис Трајковски. Ќе дадеме се од себе да ги израдуваме сите со концертот. Ве сака „Рибља чорба“ – вели Бора во најавата за концертот.

Старите љубители на рокенролот, а Рибља Чорба како природен феномен на концертите има и неверојатно млада па дури и малолетна публика, паметат дека големата југословенска турнеја за легендарниот албум „Мртва природа“ (на којшто се наоѓаат хитовите „Волим жене“, „Неќу да испаднем животиња“, „Пекар, Лекар, Апотекар“, „На западу ништа ново“….), се викаше „Кој ќе преживее, ќе раскажува“.
Сите детали околу влезниците ќе бидат објавени во четврток, 10 јуни 2021 во 21:00 часот.
To top