Тамара Тодевска летово навистина знае да ужива. Пејачката прво замина на одмор кај нашите јужни соседи, каде што заедно со семејството, односно сопругот Александар и малата Хана се одмораа за време на топлите денови.
Таа на кратко се врати во Гевгелија каде што заедно со нејзините најмили го откри и полот на бебето, така што Тамара наскоро ќе стане мајка и на момче.
Потоа пејачката повторно замина на одмор, а овој пат и се придружи и нејзината сестра Тијана Дапчевиќ.
Но, откако се врати во Македонија се соочи со еден „проблем“ , па јавно се пожали на својот Фесјбук профил.
Имено, пејачката напиша дека и пристигнала порака дека и е потрошен интернетот на нејзиниот мобилен телефон, а во текот на месецот била само два дена во Македонија.
„,Ми стига порака дека сум потрошила 80% од интенретот. Чекајте малку другари. 15ти јули е. Месецов само два дена бев во МК. Како е ова можно, може ли да ми објасните?“ – напиша Тодевска на Фејсбук.

Инаку, покрај тоа што одмараше Тодевска и сними спот за својата нова песна „Довидување таго“ која наскоро ќе биде промовирана.
фото: фејсбук