Вчеравечер, четврток, 30 ноември 2017 во Македонската Опера и Балет (МОБ) со почеток во 20:00 часот се одржа годинешното издание на Фолк фест Роса 2017, кој традиционално го организира специјализираното фолк радио – Радио Роса. На големо задоволство на сите обожаватели на фолк музиката, на фестивалот настапија дел од најдобрите музички имиња на македонската фолк сцена како и некои нови имиња на кои публиката допрва ќе им даде шанса и доверба.
Меѓу попознатите кои оваа година се појавија на сцената на МОБ на Фолк фест Роса 2017 беа: Душко Георгиевски, Благица Павловска, Мишко Крстевски, Оркестарот Дрим Тим, Сузана Гавазова, Наум Петрески, Елена Велевска, Нино Величковски, Кате & Нели ти реков, Зуица Лазова, Борче Наумовски, Анастасија Петреска, Гоце Пејковски, група Виртус и др.
Фолк естрадата како и секогаш… впечатлива не толку по песните колку по имиџот! Dа се разбереме, не дека на Фолк фест Роса 2017 имаше лоши песни… ама она што го покажаа како имиџ, ѕвездите од македонската фолк сцена, особено дамите, беше вистинска модерна модна ревија. На сцената „фрштеа“ деколтеа и секси стајлинг, кои совршено го надополнуваа ионака сексапилниот изглед пејачките.
Како и обично, во провокативниот изглед предничеа Елена Велевска, Сузана Гавазова, Стојне Николова, Татјана Јовановска…
Истурените бујни гради од длабоките деколтеа на првите две ги мамаеа воздишките кај посилниот пол, чии припадници не можеа да ги одлепат погледите од нив. И на сцената и зад неа!
Првата со ултрамодерен имиџ во бел корсет, мрежести чорапи и црни полувисоки чизми, по теркот на светските ар ен би ѕвезди од типот на Рита Ора, Бебе Реџа, Ники Минаж… Па не случајно песната на Велевска носи наслов „Прва во се’“!?
И можеби и е прва, ама само меѓу нашите фолкерки… Зашто на македонската естрада тој имиџ е „веќе видено“ кај поп пејачките… Ања Ветерова или Александра Јанева, на пример! Впрочем погледнете ги видеата за „Рам бам бам“… или „Бам, бам“ и ќе ви биде појасно!
Сузана Гавазова ја шокираше публиката во својата садо-мазо комбинација…
„Штета што нема камшик наместо микрофон“ – беше еден од коментарите во публиката! Ама затоа има се друго што треба да има! Дури и вишок, кој како тазе нараснато тесто се прелеваше од длабокото деколте на црниот корсет! Стасот и гласот, кај Гавазова се подразбираат!
Стојнето Николова и Татјана Јовановска нешто посмирени во имиџот, ама сепак доволно секси за и тие како и споменатите нивни колешки да ги разгорат машките мечти.
А каде што има чад, има и оган… Оној што се гледа – е во настапите на сцената, секако! Останато… е во доменот на машката и не само машката фантазија!