Радио Милева Брутално искрен

Ретко кој го сака ова: Ѓоле Ѓогани се пали кога Весна ја гледаат други мажи

Ретко кој го сака ова: Ѓоле Ѓогани се пали кога Весна ја гледаат други мажи

Танчарот Ѓоле Ѓогани откри дека ја принудува сопругата Весна да се разголува затоа што сака кога е провокативно облечена, а особено му се допаѓа кога другите мажи ја гледаат.

– Ми се допаѓа кога мојата Весна го покажува своето тело затоа што е жешка. Сакам кога сите ја гледаат, било да се мажи или жени. Тоа што се зјапаат значи дека е пожелна, згодна и убава и затоа е и задоволна. Воопшто не ми пречи кога ја гледаат затоа што отсекогаш сум уживал да биде посакувана, а јас да ја имам. Знам дека таа жена е моја и немам причина да бидам љубоморен. Уживам во нејзината убавина и уживам кога другите уживаат да ја гледаат и да ја посакуваат. Свесен сум каква жена имам покрај себе и привилегија е да се има жена која е посакувана од голем процент од машката популација – без двоумење изјави Ѓоле, додека неговата поубава половина Весна само слатко се насмевна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vesna Djogani (@djoganivesna)

Сепак, она што Ѓоле и забележа на Весна се корекциите кои неодамна ги направи на лицето, а тоа се хијалуронска и ботокс.

– Не сум поддржувач, јас сум против тоа. Мислам дека мажот треба да старее и да биде во склад со годините. Не ги сакам сите оние сорти што не се природни. Тоа е само мое мислење, секој прави што сака – рекол Ѓоле, а пејачката се пошегува дека не и требаат хејтери покрај него.

фото:Alo.rs/Instagram

To top