Радио Милева природен изглед

Ретко кој би ја препознал: Бресквица го смени личниот опис (фото)

Ретко кој би ја препознал: Бресквица го смени личниот опис  (фото)

Пејачката Анѓела Игњатовиќ, попозната како Бресквица, уште од првото појавување во јавноста важи за исклучително атрактивна, но и една од најмладите музички ѕвезди.

Сепак, пејачката сега реши да го промени личниот опис, а на првиот настап по непријатноста што ја доживеа на сцената се пофали со својот нов имиџ.

Имено, младата пејачка решила својата долга црвена коса да ја скрати до рамениците и да ја обои во кафена боја.

Бресквица истакна дека одлучила да се врати на својата природна боја.

– Нова коса, кој е ова – напиша таа на социјалната мрежа Инстаграм, кога се пофали на своите фанови, а потоа додаде во следната објава:

– Одлучивме да се вратиме на природно и да ја негуваме косата.

Анѓела е, инаку, најпопуларна меѓу помладата публика, но неодамна на еден настап доживеа непријатност од неколку млади момчиња од публиката, кои  фрлаа стаклени шишиња и гранки на сцената.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Бресквица/Амиџи шоу

To top