Радио Милева Милина

Ретка глетка: Влатко Лозаноски среде ноќ на автопат сними несекојдневна случка (фото)

Ретка глетка: Влатко Лозаноски среде ноќ на автопат сними несекојдневна случка (фото)

Поп-пејачот Влатко Лозаноски извесен период како да сакаше да биде во медиумска илегала и многу ретко се активираше и на социјалните мрежи.

Корона пандемијата не промени сите, а музичарите имаа цели две години пауза, па сега ова време им е како адаптација за повраток во претходниот ритам на животот и професијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski)

Лозано како и своите колеги е повторно активен со настапи, има нова песна насловена „После полноќ“, активен е и на Инстаграм каде неговите фанови и следбеници имаат да погледнат доста нови објави. Тој им пее во домашен амбиент разгалувајќи ги со музички видеа, присутен е пред публиката и непосредно на настапи, а на изненадување на сите тука е и да сподели некој приватен момет од неговиот живот.

Па така, на неговите „стори“ објави се најде момент каде враќајќи се веројатно по настап во родното Кичево, на автопат во никое време од ноќта му излезе срна.

Така мирна, кротка, прекрасна…

Тој го запре автомобилот и го сними овој несекојдневен момент. Сигурни сме дека срната предизвикала насмевка на неговото лице и убаво на душата, особено што не се исплаши и не избега, а тој остана да ја гледа.

Ретка глетка е да се види нешто вакво, а Лозно пак од појава како ретка глетка на задоволство на публиката влезе во категоријата на оние не така невидливите.

To top