Бразилската инфлуенсерка и репортер почина од компликации по непрофесионална процедура за подигнување на задникот.
Лигија Фазио (40) беше хоспитализирана на почетокот на мај откако и беа вбризгувани силикон и полиметил метакрилат во задникот. Беше на интензивна нега четири недели пред да и се влоши состојбата и се верува дека доживеала мозочен удар.
Инфлуенсерката, мајка на две 11-годишни момчиња, почина на 31 мај.
Фазио има речиси милион следбеници на нејзиниот Инстаграм профил, кој претходно го користеше за да ги предупредува жените за опасностите од естетската хирургија.
Нејзиниот брат Џорџ Оливеира се огласи на социјалните мрежи по смртта на неговата сестра.
Момци, за жал, нашиот воин почина. Ви благодарам уште еднаш на сите за поддршката – напиша братот на починатата жена.
Оливеира ја обвини нејзината смрт поради постојаните притисоци со кои Лигија се соочи откако почна да работи за телевизиски мрежи.
– Таа влезе во многу токсична средина која бара совршенство. Таа се обиде да се прилагоди на потребниот естетски стандард. Го оперираше носот и почна со други третмани, но не ни зборуваше за тоа – изјави братот за локалните медиуми.
Оливеира рече дека семејството ги забележало промените што Фацио ги направила на нејзиниот задник, но тоа го припиша на нејзиниот фитнес режим.
– Нејзиното прво подигнување на задникот го направил лекар кој, сепак, одбил да стави дополнителен силикон кога таа го побарала по втор пат. Потоа ги побарала услугите на маж кој и ја инјектирал кај пријател – вели Оливерија.
Фацио, кој имаше повеќе од милион следбеници на Инстаграм, имаше проблеми со силиконите и во 2021 година. Таа потоа поминала повеќе од 100 дена во болница додека лекарите го отстранувале силиконот кој и бил раширен низ телото.
– Можевме да видиме дека не и е добро, сепак, не беше негативна личност, секогаш ја гледаше добрата страна на се. Дури и кога се појавија компликации поради силиконот и ПММА, таа виде дека може да извлече нешто од тоа. Сфатила дека тоа би можело да биде нејзината мисија – наведува ожалостениот брат.
Фазио имаше седум операции по првото подигнување на задникот.
– Таа земаше многу кортикостероиди. Имала хиперкалцемија и ги преоптоварувала бубрезите. Мораше да оди на дијализа – изјавила Оливерија.
Исто така, и бил дијагностициран габичен ендокардитис и лекарите веруваат дека бактеријата можеби се проширила во мозокот и предизвикала мозочен удар.
Засега нема апсење на одговорните за смртта на инфлуенсерката.
фото:Инстаграм принтскрин