Радио Милева Бакшиш

Рекордер: Пееше 12 часа без престан и зеде дебели пари, еве за кого станува збор (фото)

Рекордер: Пееше 12 часа без престан и зеде дебели пари, еве за кого станува збор (фото)

Уште кога основал сопствено семејство, одлучил да ја остави музичката кариера на страна и максимално да им се посвети на сопругата и децата.

– Навистина сакав семејство, ништо не се случи случајно. Сепак, не само поради семејството ја запоставив музиката. Четири-пет години работев многу секој ден, пеев и талкав. Кога ќе имаш дваесет години и сите врати се отворени за тебе, нема да ги затвораш, ќе продолжиш да бараш нови, додека еден ден не стигнеш до точка каде што ти треба пауза – објаснил пејачот.

Милан Митровиќ е познат како пејач кој има неверојатна харизма. Тој неодамна се повлече од сцената, објавувајќи песни и поретко гостувајќи во емисии. За време на гостувањето во „Гранд магазин“, Митровиќ откри дека семејните обврски не се единствената причина за тоа.

– Тешко ми беше да најдам песна што ќе ме „огрее“. Излегоа млади генерации, и мило ми е поради тоа, но некои од тие модерни песни не ми се допаѓаат. Сè има свое време, па и тоа ќе помине – изјави Митровиќ.

Милан откри и дали е вистина дека зел петнаесет илјади евра за новогодишната ноќ.

– И да беше така, сите тие пари немаше да одат сите кај мене. Морам да им се заблагодарам на оние луѓе кои ги веселев, тоа беше прекрасна вечер. Не можам да кажам дека се работи за таа сума на пари, но тоа беше група на прекрасни луѓе. Беше забавно што почнавме во шест, а завршивме во шест. Имаше и трубачи, имаше повеќе музичари отколку гости, но тоа е тоа. Решивме што повесело да влеземе во Новата година – со насмевка одговорил пејачот.

Фото: Принтскрин/Инстгарам

To top