Холивудскиот пар кој во брак е седум години, неодамна го доби своето прво дете.
Четириесет и осум годишната актерка Рејчел Вајс се породи кон почетокот на септември, но и понатаму не сака да споделува моменти од својот приватен живот.
Сепак, папараците успеале да го следат и да го фотографираат парот како излегува од зградата со новороденечето кое го прошетале низ улиците во Њујорк.
Вајс неколку пати зборуваше во медумите за својата бременост. Во интервју за „Њујорк тајмс“ изјави дека со сопругот очекуваат „мал човек“.
„Даниел и јас сме многу среќни. Ќе имаме “мал човек“. Не можеме да дочекаме да го видиме неа или него. Се е мистерија“, изјави тогаш Рејчел.