Од пред неколку дена тие двајцата и официјално се маж и жена. Или поточно, брачни сопружници! И тоа со тапија! Нашиот ракометен голман Борко Ристовски и неговата животна избраничка Николина Нина Ристовска и официјално стапија во брак, ставјќи го својот потпис во матичната книга! Голем свадбена веселба немаше… изостана! Само мала семејна прослава!Така решиле или така сакаа… Тоа е нивна работа.
Но затоа имаше „свадбена“ фотосесија… Ако така некако може да се нарече. Полна со романтични, емотивни моменти, за спомен на најубавите мигови од животот… Фотографии и секвенци кои довека ќе останат како фрагменти во сеќавањето на една младост и една голема љубов на две души, на две срца… Пардон… На три!
Да не заборавиме дека убавата г-ѓа Ристовска е во блажена состојба и тоа пред вратите на последниот месец од бременоста… Пред вратите на новото поглавје од нејзиниот и неговиот живот, од заедничкиот живот како сопружници а за некој ден и родители! Затоа и вреди да ве потсетиме на нејзиниот пост објавен со минифотосесијта од церемонијата на нивната „регистрација“ и миговите непосредно пред и по неа!
„Од вчера и законски во брак. Колку и да не е важно што постои на лист хартија, моментот е многу посебен и на свој начин емотивен. Совршенство не постои, ниту идеални врски и односи, но вистинска љубов постои и може да биде прекрасна доколку двајца пронајдат заеднички јазик, доколку имаат меѓусобно разбирање и трпение и доколку секој ден се грижат еден за друг без разлика на се. Јас сум среќна за сите заеднички моменти и се надевам дека низ животот заедно ќе раснеме и ќе бидеме само подобри луѓе заедно“ – напиша г-ѓа Ристовска на еден од своите профили на социјалните мрежи.
Епа, ним нека им е среќно… и вечно! А вие, уживајте во емотивните фотографии на брачната двојка Ристовски.