Секоја сезона во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“ имаме и македонски претставници кои знаат да остават печат во ова шоу.
Оваа година тоа беше 90 годишната Добирала Ивановска Чабриќ која откако се појави на сцената го воодушеви жирито, публиката, но и регионот. Со својата харизма, талент и волја за живот таа беше еден од фаворитите.
Синоќа во студиото на Кошутњак се одржа финалната вечер на ова музичко наптреварување, а меѓу учесниците беше и Добрила.
На стандарното жири овој пат им се придружи и Ацо Пејовиќ, како и Светлана Цеца Ражанатовиќ.
https://www.youtube.com/watch?v=Gsmi3pF3_2o&t=68s
Како и претходната година, така и оваа имаше три победници. Стурчното жири го прогласи Ромео Николиќ за победник, а Неврес Хаџиќ беше прогласен за победник од страна на публиката.
А 90-годишната Македонка од Дојран, Добрила Ивановска Чабриќ беше прогласена за победник по гласовите на Фејсбук..
„Ви благодарам многу“ изјави Добрила, а од публиката доби аплаузи и овации.
фото:гранд онлајн