Помина 13 години од смртта на најголемата македонска и регионална музичка година, македонскиот ангел и најдобар вокал, најдобриот пејач Тоше Проески.
Ни по 13 години не стивнува болката, тагата,носталгијата по него, неговиот глас, неговата насмевка, а неговите песни ќе ги пееме засекогаш.
Во знак на сеќавање на легендарниот пејач, некои од регионалните пејачи за 24седам.рс ги пренесуваат своите сеќавања за Проески.
Елена Ристеска
Емоциите се исти. Неверување и неприфаќање на фактот дека повеќе не е на овој свет – чувство кое го имаме јас и цела Македонија. И понатаму ги пејам неговите песни и болката е присутна во секој стих. За да ми биде полесно се убедувам себеси дека е жив и дека еден ќе се врати. Многу разговаравме додека беше жив и ги паметам сите негови зборови. Моето најдобро сеќавање е ноќта пред да почине кога разговаравме преку телефон. Како да предвидуваше дека ќе си замине и на крај ми кажа: „Се гледаме на 21“, а потоа пауза и додаде: „Aко Бог даде“, а Бог не даде и оттогаш како да застана времето“.
View this post on Instagram
Калиопи
Октомври и неговиот шеснаесетти ден се обоени од тага откако нашиот Тоше замина засекогаш. Гласот што звучеше како да доаѓа од небото, остави зад себе песни што не потсетуваат на времето што го поминавме заедно. Затоа неговите песни денес ме болат и тешко ми е да ги слушам бидејќи се будам од сон додека „сонувам дека се уште сме заедно“, како што некогаш напиша Мирослав Рус. Суштината на постоењето на Тоше беше и останува да нè потсетува дека ангелите одат по земјата и дека добродушноста е основа на секое човечко суштество. Често замислувам дека е жив и како сè би било поинаку, полесно и поубаво ако денес делиме сè заедно. Недостига…
Јелена Томашевиќ
Поминаа 13 долги години без Тоше Проески и секоја година недостига се повеќе. Претходната година го посетив Крушево и неговото семејство. И ми беше се јасно кога ги запознав родителите. Потекнува од таква добрина, па не е ни чудно што го нарекуваа ангел. Засекогаш ќе биде во моите молитви.
View this post on Instagram
Тамара Тодевска
Тоше беше и остана нешто најубаво што и се случи на Македонија. Спој на талент, духовност и човечност. Пример на сите какви треба да бидиме како луѓе. Толку едноствен, а толку многу мудрости имаше во себе. Тој за мене е бесмртен. Неговиот талент и уметност ќе живеат засекогаш.
Нина Бадриќ
Секоја година носи се повеќе сеќавања на Тоше и чувство на една голема неправда каде секогаш се наметнува прашањето: „Зошто баш тој?“. Бог има свои патишта, но и ние луѓето си имаме свои. Во толку малку години од својот живот Тоше остави неизбришлива трага на овие простори.Многумина не успеваат да го остварат тоа во текот на својот живот.Допре многу срца и го промени животот на многу луѓе. Неговата публика ќе го сака засекогаш и ќе го памети по најубавиот глас, а јас ќе го паметам како некој кој беше најдобар. Беше прекрасно момче кое моравте да го засакате на прва. Неговата харизма беше посебна, топла и чиста и на тоа ќе се сеќавам засекогаш.
Сергеј Четковиќ
Беше неверојатно момче со прекрасен глас и посебна харизма.Неговата кариера одеше по пат на светска слава. Бог му даде талент за кој мислам дека никогаш нема да биде надминен. Никогаш нема да го заборавиме.
Тијана Дапчевиќ
Престанав да ги бројам годините бидејќи и понатаму мислам не можам да прифатам дека не е тука, дека го нема тука да ни пее, и секогаш повторувам дека немам друго објаснување освен тоа дека Бог го зема кај себе за да му пее затоа што Тоше само не пееше додека спиеше. Беше единствен во секоја смисла на зборот. Недостига и ќе недостига и се додека зборуваме за него тој ќе биде меѓу нас. Ќе живее. Самата помисла и успомените на него ќе го чуваат неговото име од заборав, како и неговата музика која ни остана во аманет“.
Потсетуваме, Тоше Проески почина на 16.10.2007 година на местото кај Нова градишка, на пат за Хрватска.