Во кулинарското шоу „Брза кујна“ постојано се нагласува дека се отворени како за пофалба, така и за критика, па сугестиите ги прифаќаат без резерва.
Фејсбук страницата на емисијата во која се готви за 20 минути со шефовите Марк и Никола е отворена за секакви коментари од гледачите, кои еден период водителката Александра ги закачуваше на табла во емисијата, а не ретко знае да сподели и некој негативен коментар. Но, тоа најчесто е за специфичното готвење на Марк.
Како не пример дека „местото му е толку живо што може да ја изеде и салатата“.
Сепак, покрај многуте пофалби за готвењето, периодов Александра го извлече подебелиот крај кога се во прашање негативните коментари од гледачите.
Па така, многумина ја критикуваа дека многу зборува, дека не говори литературно, а згора на тоа се најдоа и такви на кои не им се допаѓа нејзината шминка и фризура.
Сепак, шоуто трае веќе неколку сезони, а тоа ја покажува неговата популарност.
Веруваме дека критиките кои се најдоа на нивната Фејсбук страница ќе бидат само мотив за да станат се подобри.