Радио Милева реална и свесна

Речиси непрепознатлива: Во црвен латекс и со кратки шишки, Луна Ѓогани се врати на сцената (фото + видео)

Речиси непрепознатлива: Во црвен латекс и со кратки шишки, Луна Ѓогани се врати на сцената  (фото + видео)

По подолга пауза, Луна Ѓогани реши да се врати на сцената.

Додека во новата песна на Ѓогани со наслов  „Контра“, во спотот, глуми и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ., во видеото Луна носи црвен комбинезон од латекс кој ја истакнува нејзината витка линија, а како што коментираат многумина во некои кадри таа е речиси непрепознатлива поради кратките шишки.

– Што се однесува до музиката, веќе не се гледам себеси во тоа, да пеам, да настапувам. Јас сум реална и свесна дека немам глас за тоа. Но, тоа е нешто што го сакам, тоа е нешто што го имам од моето музичко семејство.

Можеби ако добијам добра песна, да ја снимам за своја душа, ќе го направам тоа – изјави претходно Луна, на што Марко додаде:

– Би ја прашал колку пејачи на естрадата знаат да пеат, колкав е процентот? – рече Марко, а неговата сопруга тогаш истакна дека повеќе не ја гледа музиката како свој пат.

– Па јас сум свесна за тоа, кога би набројала колку не знаат да пеат , а им успеа, секоја чест, никого не потценувам, но не можев да се пронајдам. Ако ми се допаѓа, ако тоа ми одговара, знаеш ли колку ме боли уво што зборуваат дека не знам да пеам? Но, не се проблем другите луѓе, не чувствувам дека тоа е мојот пат.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

To top