Анабела Атијас во искрена исповед во емсијата на „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“ се осврна на темата за разводот со Андреј Атијас и објасни зошто се одлучила на тој чекор.
Анабела Атијас пред Андреј беше во брак со Гани Ѓогани со кој има две ќерки. Во еден момент сфатила дека нивниот брачен живот не е онаков каков што таа го замислувала како пар, па донеле одлука да се разведат. Од 2012 година е во врска, а потоа и во брак со Андреј Атијас со кој ја доби ќерката Бланкица.
– Мислам дека ние двајца сме кармички врзани. Дека требаше да си служиме за да излечиме некои делови од себе еден преку друг. Кога се запознавме, нашите детски приказни беа доста слични. Додека разговаравме како јас да почнувам реченица, а тој да ја довршува и многу ми значеше тоа што некој ме разбира.. За тоа се стремам цел живот, за некој без многу муабет да знае како се чувствувам и што ми треба и како да го поправам ако имам лош ден – искрено изјави Анабела во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“.
– Кога ми се случи по втор пат да основам семејство со некој кој има некои свои пороци или болести со кои треба да се справи, тогаш се запрашав дали да бегам или да се соочам, и да помогнам. Се одлучив за второто. Секако дека го направив потегот за развод затоа што тоа беше единствениот начин на кој можев да дојдам до него кога беше речиси готово.
Дојде до дното и нема понатаму. Така тоа го направив тактички и имав чувство. Никогаш не сме останале без љубов, никогаш не сме имале проблеми меѓу нас, некаков триаголник… Не, тој е само оштетено дете кое за жал во тој момент побарало помош во алкохолот и тоа уште од 13 години. Не го сфатив сериозно, многумина од нас го сфаќаат несериозно алкохолизмот, каков е тој пијалок, пиеш, се расположуваш, спиеш, се будиш трезен… Всушност, јас само преку него сфатив дека тоа е бегство од реалноста, од некаква болка, од која не знам… – објаснила Анабела.
Фото: Принтскрин/Блиц ТВ/Инстаграм