Радио Милева

Развод на повидок: Бракот на Меган Маркл и принцот Хари западна во голема криза!?

Развод на повидок: Бракот на Меган Маркл и принцот Хари западна во голема криза!?

Меган Маркл и принцот Хари изгледаат среќни во бракот, но многумина се сомневаат во нивниот идиличен брак.
Дури и обичните бракови се во криза, а камоли бракови на членови на кралското семејство кои имаат многу погледи.

Иако неодамна добија дете и скоро секогаш се насмевни, нивните обожаватели, како и странските медиуми, сметаат дека бракот им паднал во криза, а некои дури споменуваат и за развод.

Оваа двојка се запозна на „слепо“ во 2016 година, а за помалку од две години веќе беа свршени. Кралското семејство и јавноста генерално се согласија дека двојката непромислено влезе во брак. Причините што ги дадоа медиумите беа дека тие биле лудо вљубени, а од друга страна, многумина сметаат дека се под притисок поради возраста и дека тоа е всушност причината. Секако нивната одлука предизвика голема драма во семејството.

фото:инстаграм

Главната причина за кризата во бракот е фактот дека поради раниот брак Меган не успеа да се навикне на својата нова титула и многу кралски правила, за разлика од Кејт Мидлтон, пишува „Cheatsheet“ и додава дека Меган сега создава огромна притисок.

Напнатоста во бракот се должи и на честите расправии меѓу браќата, кои пред да се појави Меган, имаа многу хармоничен однос. Она што ги натера фановите најмногу да веруваат во разводот на кралската двојка е тоа што принцот Хари неодамна го запостави во јавноста фактот дека неговата сопруга се обидува да му каже нешто.

To top