Радио Милева

Размислувала за самоубиство: Непознати детали од животот на Тина Тарнер

Размислувала за самоубиство: Непознати детали од животот на Тина Тарнер

Музичката легенда Тина Трнер ја отвори душата и во својата книга „Мојата љубовна приказна“ откри како трансплатацијата на бубрегот и го спасил нејзиниот живот. Во книгата откри дека нејзиниот сопруг и донирал бубрег.

Пејачката одела на дијализи пред трансплатацијата, но не сакала да живее под апарати.

„Тоа не беше моја идеја за животот. Но, токсините во мојот живот почнаа да ме победуваат. Не можев да јадам, преживував, но не живеев. Почнав да размислувам за смрт. Прифатив дека моите бубрези се во лоша состојба. Не се плашев да умрам, но прашањето беше кога“,  го пренесува Дејли Мејл извадокот од книгата.

фото: инстаграм/принтскрин

Тогаш Тина живеела во Швајцарија и почнала да размислува за евтаназија, дури се потпишала и во една организација која им помага на луѓето само да си го одземат животот.

Меѓутоа, нејзиниот сопруг за кој се омажи во 2013 година и го понудил нејзиниот бубрег.

Трансплатацијата е направена претходната година, а пејачката уште некое време останала во болница бидејќи нејзиниот организам го отфрлал донираниот орган.

Во книгата, Тина опишува како го преживеала мозочниот удар и како изгледа борбата со рак на цревата.

To top