Влатко Лозановски е пред еден од своите најголеми предизвици во кариерата. Големиот солистички концерт на 23 март 2019 во ВИП арената Борис Трајковски во Скопје. Тест кој ако го положиш, велат стануваш мегаѕвезда. А тој е на најдобар пат да го стори тоа. И предизвикот и шансата се огромни., зашто нема втора шанса за прв впечаток!
Затоа Лозано сериозно го сфати предизвикот па ја искористи секоја можност да спои убаво и корисно. Се’ е маркетинг ама и тренинг, па затоа Влатко не престанува да биде активен како на социјалните мрежи, така и во медиумите, а при тоа да си го провери знаењето, умеењето и вокално-инструменталната вештина.
Седнат сам зад клавирот, само пиано звук и вокал и… „Мајко“ звучи како да е класика, а не поп песна! Акустична анплагд варијанта, подеднакво моќна како и оригиналот.
View this post on Instagram
#Majko ?❤ . ?23 Март | ВИП Арена “Борис Трајковски” – Скопје Билети | Tickets: @avalon.produkcija
Малкумина можеби знаат дека на Лозано фолклорот не му е непознат. Со него како и со фудбалот е од мали нозе. Музиката во вените како страст, пасија, љубов… а и едукација и животна определба уште од средното музичко училиште во Битола.
Затоа Лозано неговата „Мајко“ умее да ја запее и со звуците на хармониката. Овој пат таа во рацете на младиот Војче Петрушев од групата „Маестро“. За потребите на снимањето на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, иако верзијата не е народна. Соло придружбата на ниво, а воклаот на Влатко звучи одново маестрално.
Како и самиот инструмент, кога Лозано ќе го земе во своите раце.. Зашто, кого го бива, го бива за се’.
Впрочем, како што самиот Петрушев напишал во својот пост крај објавената фотографија и видео: „Безброј хитови, а само еден глас“!
Ние во случајов би додале:„Различни инструменти, а само еден глас“. Маестрален. Оној на Лозано. Затоа никако не пропуштејте го неговиот голем концерт.
Убедени сме дека е на добар пат за голема кариера и надвор од границите на Македонија!