Промотер

Разиграна „Пролетна пеперурка“ во лето на Петар Ренџов и Александар Јовески (видео)

Разиграна „Пролетна пеперурка“ во лето на Петар Ренџов и Александар Јовески (видео)

“Скопски приказни ” е албум кој припаѓа на македонскиот етно звук со надградена хармонска, ритмичка и звучна прогресија.

Авторите Петар Ренџов (со досега издадени три етно-џез ЦД-а) и Александар Јовевски, основач и член на етно составот Монистра (со издадени 2 албума во етно стил и 5 како 2 албума како композитор и аранжер) и со минатогодишно авторско првенче “Од колено на колено” ја започнаа својата приказна.

Како автори во овој албум се јавуваат на пет композиции и четири аранжмански преработки на стари македонски песни . Како вокална солистка се јавува Ивана Стојановска, наградувана со освоено прво место во Босна и Србија, за изведби на македонски традиционални песни.

На албумот гостуваат Павел Ренџов – Перкусии и Горан Ѓешовски – Бас.

Со аудио-видео записот “Пролетна Пеперутка” – видео кое го изработи Милчо Узунов и 3Д Проџект студио, авторите заедно ја најавуваат промоцијата на проектот “Скопски Приказни”.

To top