Екстравагантна, ексцентрична, еготрип, без влакна на јазикот, безобразно директна, брутално провокативна… И уште сто и една карактеристика можете да и „налепите“ на белградската „скандал дама“, а сето тоа да не биде доволно за да и го отслика карактерот, табиетот, однесувањето… на Јелена Карлеуша!
Но што и да кажета, едно е сигурно: Карлеуша во духот на прекарот е мајстор за две нешта. За скандали и интригирање на јавноста! Затоа што и да направи, сними, отпее, каже, изјави… Сето тоа веднаш е во фокусот на вниманието на јавноста и секако, на насловните страници и најавните шпици на медиумите!
Нова Година наближува, ѕведите ги отворија картите па обзнанија која од нив каде ќе настапува за најлудата ноќ и се разбира за колку пари. Сите освен таа… До душа локацијата е позната, ама хонорарот… останува енигма.
Ама затоа пак, најавата за истиот тој новогодишен настап е повеќе од провокативна и екстравагантна. Ваква реклама за новогодишен настап, само фолк дивата може да сними.
Разголената Карлеуша меѓу дедомразовци како секси новогодишно пакетче… за возрасни! Па кој има можност, нека го „купи“ и отвори… Радоста е загарантирана! Погледнете зошто…