Радио Милева
летен одмор во зима

Раста ужива во Јамајка: Раперот ја однел омилената личност на  ова патување, еве како го поминуваат времето (фото)

Раста ужива во Јамајка: Раперот ја однел омилената личност на  ова патување, еве како го поминуваат времето (фото)

Раперот Стефан Ѓуриќ ги спакува куферите и заедно со ќерката Тара, која ја доби во брак со Ана Николиќ, отпатува во потоплите краишта.


Раста на својот Инстаграм профил на обожавателите им го покажа своето луксузно сместување кое го одзема здивот. Ова рајско катче не само што нуди прекрасен поглед на морето, туку е опремен и со приватен базен.

Раперот исто така покажа дел од блиската плажа, каде ужива во прошетката и секако собира незаборавни спомени со својата ќерка Тара.

Додека многумина се прашуваат што е следно за Стефан Ѓуриќ Раста, едно е сигурно – тој знае да го живее животот максимално и да ужива во секој момент.

Нема сомнеж дека раперот одвоил огромна сума на пари за ова патување, но не е чудно со оглед на тоа што повеќепати потенцираше дека неговата неостварена желба е да се одмори на Јамајка.

Фото: Printskrin/Instagram/stefanrasta

Останати вести од Радио Милева