Радио Милева отворено за најважното

Раста проговори за наследичката која ја доби од бракот со Ана Николиќ: „Се плашам за ќерката“

Раста проговори за наследичката која ја доби од бракот со Ана Николиќ: „Се плашам за ќерката“

Стефан Ѓуриќ Раста моментално се наоѓа на црногорското приморје. Многу негови колеги настапуваат во Црна Гора во текот на летната сезона, но тој никого не смета за конкуренција.

– Па види, нема конкуренција во таа смисла. Сите ние сме тој нов бран и кај нас сега е поважно што повеќе да настапиме и овој правец како правец да се шири и опстои, да нема конкуренција.

Тој е воодушевен што тинејџерите се главно негова публика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by STEFAN (@stefanrasta)

– Генерално сакам луѓе, сакам деца, а децата ми се главниот судија. Тие се некако слободоумни. Децата секогаш ми се тест за нешто што го работам, дека треба да биде комерцијално и да помине. И навистина сум среќен поради тоа, бидејќи тие се некој за кој ги полнам големите сали и ги правам тие огромни концерти.
Неговата ќерка Тара е една од неговите најголеми критичари.

– Ние и дадовме целосна слобода и таа едноставно има свои мислења за се, а тоа е всушност најважното, бидејќи тоа е мојата идеологија. Така, таа секогаш има своја критика, но навистина ѝ се допаѓа и го цени тоа што го работам, па затоа имам среќа.

Раста признава дека неговата ќерка е талентирана за музика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by STEFAN (@stefanrasta)

– Па, искрено,да. Многу многу. Тоа малку ме плаши. Мислам, само се шегувам. Ако таа сака да го направи тоа, јас ќе бидам најголемиот поддржувач. Но, навистина мислам дека овој бизнис кога се во прашање жените е навистина тежок. Особено е тешко кога се во прашање мажите. И на тие емотивни планови и на тие едноставни психофизички планови.

Наесен го очекуваме излегувањето на филмот за животот на Раста.

– Филмот конечно заврши. Да бидам искрен, не го знам денот на премиерата. Мислам дека е средината на септември. Во кината ќе се појави на крајот на септември. Планираме албум некаде после тоа,завршува Раста во изјава за Курир.рс

фото:ТВ Курир принтскрин/Инстаграм

To top