Радио Милева естрадни (не)пријатели...

Расправија меѓу Милица Павловиќ и Аца Лукас: Повеќе не се пријатели, го избришаа и нивниот заеднички дует!

Расправија меѓу Милица Павловиќ и Аца Лукас: Повеќе не се пријатели, го избришаа и нивниот заеднички дует!

Дека нешто не е во ред веќе подолго време помеѓу Аца Лукас и Милица Павловиќ, а  беа многу блиски кога ја објавија дуетската песна „Кидаш ме“, потврди и самата пејачка на прес-конференција по повод нејзиниот нов албум „Посесивна“.

„Сигурна сум дека Аца Лукас нема ни да ми честита за албумот. Тој е некој со кој имам убави спомени. Не знам што носи денот, а што ноќта, но во овој момент не сме пријатели.  Дуетот го избришав  лично јас. Не морав да го тргнам, но го тргнав“ – рекла Милица, и не сакала да објаснува кој е проблемот меѓу нив.

Додека  Лукас, пак  немаше желба  да се занимава со колешката и нејзините изјави за него.

„Имам многу работа. Не можам да се занимавам со површни работи“ – изјавил Аца.

Фото:принтскрин/инстаграм/aleksandar_vuksanovic_/senoritamilica

To top