Поп-фолк ѕвездата Јелена Карлеуша слави 27 години кариера.
Јелена на својот Инстаграм профил објави пролетна фотографија на која позира на зелената трева во својот двор.
View this post on Instagram
Носи цветен фустан со доминантна розова боја, а во преден план се нејзините долги извајани нозе. Пораката под сликата израдува многу нејзини следбеници.
„ Хероина. Денес славам 27 години од мојата кариера. Што преживеавме заедно, драги мои… Успеавме, нели? А најдоброто допрва доаѓа. Многу сум среќна што наскоро ќе го слушнете мојот нов албум и се што подготвивме за вас. Вие тоа го заслуживте бидејќи со мене сте сите овие години, а јас тоа го ценам“ – напишала Јелена.
Па веднаш следеа бројни лајкови и коментари:
„Едвај го чекаме новиот албум“, „Среќна годишнина кралице“, „Ти благодариме што никогаш не се откажуваш“, „Те сакаме најмногу на светот и едвај го чекаме албумот“, „Ние се гордееме со тебе“, се само дел од пораките под објавата на Карлеуша.
View this post on Instagram
Фото:Принтскрин/Инстаграм/karleusastar