Од оваа недела на телевизија Сител започна да се емитува 6-тата сезона на кулинарското шоу „Брза кујна“ кое низ изминатите сезони стана доста популарно кај гледачите.
Во оваа нова сезона веќе знаете дека има нова водителка, односно домаќинка во црвената и зелената кујна, Сања Савеска, која за старт одлично се снајде во новата улога со оглед на тоа што работата на телевизија пред камери е нејзина примарна професија години наназад.
Велат дека на народ е многу тешко да му погодиш. На Фејсбук страницата на шоуто секогаш пристигнувале разни критики поврзани со се’. Додека Александра ја водеше „Брза кујна“, осамнуваа коментари дека треба да биде сменета, дека прави доста грешки, не знае да готви и сл…
Токму за ваквите реакции Александра неодамна зборуваше за Вистина.ком.мк и кажа дека е жално колку луѓето лесно осудуваат и критикуваат.
-Интересно е колку сме расположени да критикуваме и да даваме ум за се. Жално е колку луѓето лесно осудуваат и критикуваат, уште пожално е колку омраза и гнев има. Кога ќе одлучите да работите на медиум треба да имате слух, да умеете да се поправите и подобрите секој ден во секој сегмент, да работите на себе и она што го работите да биде најдоброто од вас. Убавите зборови и комструктивни критики секогаш ги помнам и ме поттикнуваат да сум подобра, а на лошите се насмевнувам… и тие треба да ги слушнеме или прочитаме, вели Александра која доби замена во новата сезона бидејќи е во блажена состојба и го очекува своето прво дете.
https://arhiva.vistina.com.mk/lice-v-lice/aleksandra-ilievska-za-vistina-mk-gi-otkri-detalite-zoshto-vo-novata-sezona-ne-e-del-od-brza-kujna-na-pat-e-najubavoto-neshto-shto-go-posakuvame-so-soprugot/
Кога сме кај критиките, ниту Сања Савеска уште од првите епизоди не помина без критики, а во дел од нив се вели:
„Девојката воопшто не е за ваков тип емисија. Тотален промашај“, „Ма Александра никој не може да ја замени“, се дел од рекциите на фан страницата.
Сепак имаше и такви кои беа расположени да напишат и убав збор:
„Нови успеси ви посакувам во новата сезона на Брза кујна и честито за новата водителка, поздрав од вашиот пријател, пишува друг.
Дека коментари ќе се нижат и во иднина е и повеќе од јасно, а кога те зборуваат важи и дека те слаедат, е сега кој до каде е со нивото за оставените коментари е друго прашање, а пак за вкусовите воопшто и не треба да се коментира, нели?