Фолк пејачот Зоран Далчески кој живее и работи во САД, деновиве престојува во родната Македонија каде снимаше нова песна и спот. Овојпат одлучи да соработува со авторот Борче Нечовски зад кого стојат многу хитови.
Песната се вика „Ти си моја Марике” а за неа се снимаше видеоспотот кој го изработи проверената екипа на ИН Продукција на неколку локации во Охрид. Во спотот учествуваа и неколку манекенки од модното студио “Шанел” од Битола.
Спотот премиерно беше емитуван на единствената Македонска музичка телевизија, сателитската ИНТВ .
Песната „Ти си моја Марике” звучи певливо и се очекува да е една од најслушаните песни на фолкерот, а во продолжение погледнете го видеоспотот.