Водителката Леа Киш со години важи за ТВ препознатливо лице кое ја води емисијата „Неделно попладне“ прво на „Пинк, па на „Гранд“ телевизија.
Леа во приватниот живот ужива во нејзиниот „дворец“.
„Морам да кажам дека се ова го направи мојот сопруг кој вложи многу работа и труд“, вели водителката.
„Често сме овде, нема потреба цело време да бидеме во градот. Посебно сме тука преку лето кога владеат високи температури. Со оглед на тоа што мојот сопруг е од Херцег Нови тој смисли ова да биде наше море на Белград. Тој се грижи за целиот имот и градината. Навечер седиме на балконот бидејќи дувка ветер. Преку ден или во базенот или ручаме во дворот“, изјави Леа.
На нејзиниот имот има и вештачки поток.
„Овој поток го смисли Мома. Во него чувам вистински рибички. Ќе седнам покрај него, ќе земам книга или ќе пуштам музика и се чувствувам далеку од сите проболеми, а да не зборувам за работата, за хаосот во градот…
„Она што е најатрактивно во нашиот двор е базенот. Покрај базенот има и шанк. Кога сте во базенот не мора да се малтретирате да одите внатре кога нешто ви треба, тука имаме и шпорет и фрижидер, не ни е потребна кујна