Актерот Ратко Танкосиќ лесно ги освои срцата на филмската публика со својот начин на интерпретација и изглед. Нема успешен филм во Србија и поранешна Југославија, а во него да не игра. Познат по улогите на Комина (серија: Доме, сладок доме), затвореник (Ние не сме ангели), Сарма (Дефектологија) итн.
Нема пари од филмот, па легендарниот Комина отиде во илегала, се занимава со сликарство, а како што еднаш кажа, не се срами и да молерисува кога треба.
„Не можам да живеам од глума, не вреди да чекам улога година или повеќе и да живеам од тој хонорар уште еден долг период, на крајот на краиштата се бараат млади актери, а јас веќе сум за пензионирање. Начинот на глума веќе не е ист, помодерен е и ми снемува време. Затоа понекогаш им сликам на пријателите ако им треба нешто, доста ми е од филмови“ – изјави Ратко за медиумите.
Но, актерот, кого публиката сè уште не го заборавила, има и ќерка која не глуми. Но, уметноста секако тече низ нејзините вени, па таа е пејачка.
Успешно настапува во кафулиња, клубови, ресторани и сплавови и се вика Милица, но во јавноста се претставува како Мими Танкосиќ која е мошне атрактивна и мами машки воздишки.
Милица Танкосиќ никогаш не се експонирала како ќерка на познат актер, напротив, никаде не можете да најдете врска меѓу нив.
Можеби ако ова беше откриено порано, таа ќе станеше многу попопуларна како децата на многу наши познати пејачи или актери.
Но, таа не пее урбани рок песни и нивни обработки, само кратко и јасно се занимава со пеење народни песни.