Голем концерт на „Суперхикс“ во Скопје

13 Дек , 2017 Мегафон

Голем концерт на „Суперхикс“ во Скопје

В петок, 15 декември 2017, скопската реге-ска-рок група  „Суперхикс“ ќе ја заокружи годината со голем концерт во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Под мотото „Изрампарарамизирај се“, нашата банда инструментале подготвува повеќечасовно шоу, а како локална поддршка ќе настапи сè попопуларниот состав „Визија“, како и хардкор-бендот „Смат“, Дејан Сибиновски – Баклава и Сашо Ѓорѓиевски (конги).

„15 декември е денот кој ќе му даде боја на секојдневното сивило, 15 декември е денот за РАМПАРАРАМИЗИРАЊЕ и најновото концертно шоу на Вашиот омилен бенд!“, стои во соопштението, а влезниците во претпродажба можете да ги набавите во „Југотон“ и онлајн на нивниот сајт www.jugoton.com.mk

Во март годинава, „Суперхикс“ го промовираше албумот „Underground evergeens“, кој во октомври беше објавен и на винил. Како прв сингл од изданието беше објавена темата „Луда главо“, а неодамна стигна и видеото за „Мојот дом“, што е своевиден мини-документарец за нивната турнеја.

,


Comments are closed.