Македонските ракометни шампиони, ракометарите на Вардар добија уште една спортска химна. Овој пат новата навивачка песна носи наслов „Песна за Вардар“ и се појави на денот на фајналфор турнирот во Келн, каде црвено-црните го играат мечот за финале, против францускиот „Монтпење.
Овој пат се работи за своевидна споортска рок химна, песна која е наменска, навивачка,посветена токму на екипата на нашиот европски ракометен шампион, направена во рок манир.
Автор на музиката и аранжманот е Стевче Грозданов, додека стиховите се дело на Огнен Неделковски. Песната е снимана и миксана во студиото Енерпрајз и Ентерпрајз 2 на Валентино Скендеровски, а темата „Песна за Вардар“ ја изведува скопското дуо „Коктел“.
Вистина.мк ексклузивно ја промовира и Ви ја презентира, а истата можете да ја преслушате во продолжение.