Радио Милева Тага во Англија

Ракавицата ја крие вистината: Доктор открива која е можната причина за смртта на кралицата Елизабета (фото)

Ракавицата ја крие вистината: Доктор открива која е можната причина за смртта на кралицата Елизабета (фото)

Кралицата Елизабета Втора (96) почина вчера,08. Сптември во Балморал, Шкотска.

– Кралицата Елизабета почина во замокот Баломорал. Сопругата на кралот и кралицата вечерва ќе престојуваат во замокот, а утре ќе отпатуваат за Лондон – објави Бакингемската палата. Тоа значи дека нејзиниот син Чарлс станува нов крал.

Кралицата пред смртта лекарите ја советувале да се одмори. Цел ден била под надзор на лекар кој правел се’ што можел. За жал, смртта беше посилна.

Некои портали наведуваат дека причина за се потешката здравствена состојба на кралицата може да биде и ракот. Приказните почнаа да кружат пред неколку месеци, кога дел од јавноста се запраша зошто нејзината рака била виолетова кога се сретнала со неколку достоинственици во Виндзор.

Во интервју за една австралиска веб-страница, д-р Габриел Миркин рече дека тоа се всушност модринки кои можат да бидат симптом на леукемија.

‒ Кај постарите луѓе како неа, модринките не само што укажуваат дека нешто не е во ред со процесот на згрутчување на крвта, туку често се резултат на рак на крвта или малигни заболувања. Причината би можела да биде леукемијата – изјави д-р Миркин.

Третманот за такви состојби вклучува хемотерапија и зрачење, што може да објасни зошто Елизабет се повлече не само од очите на јавноста, туку и од нејзината официјална резиденција, Бакингемската палата, во последните месеци.

Инаку, Елизабета е родена во Лондон и била најстарата ќерка на војводата и војвотката од Јорк, подоцна кралот Џорџ VI и кралицата Елизабета. Нејзиниот татко станал крал по абдицирањето на неговиот брат Едвард VIII во 1936 година, а со тоа таа станала престолонаследник.

фото: Guliver-Getty Images

To top