Радио Милева

Тензично како никогаш досега: Таткото на Адам Лабунски се испокара со жирито на „Ѕвездите на Гранд“(фото)

Тензично како никогаш досега: Таткото на Адам Лабунски се испокара со жирито на „Ѕвездите на Гранд“(фото)

Наредната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, судејќи по најавите, ќе биде интензивна како ниедна досега.

Имено, оваа сабота гледачите на овој музички натпревар ќе имаат прилика да го видат Ѓорѓе Давид како вика на таткото на нашиот кандидат Адам Лабунски, односно фолк пејачот Ибро Лабунски, бидејќи го изнервира со одлуката синот да ја смени песната која му ја одредил менторот да ја пее и месеци наназад ја подготвувал.

FOTO: SCREENSHOT

-Дечко, полека, застани малку! – му кажа тој на музичарот.

-Ма, каков бре дечко?! Прво,јас не сум дечко. Ти си за мене дечко, бре! – продолжи со висок тон да му се обраќа Ѓорѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adam Labunski II (@adamlabunski) on

Освен тоа, публиката ќе има прилика да ја слушне Марија Шерифовиќ која имено е ментор на Адам, како му порачува  дека изборот на песната е прилагоден според вокалните способности, иако е како нејзе да и кажат „да се соблече гола и да ја глуми Мерлин Монро“.

На ова Јелена Карлеуша и одговори дека во случај таа тоа да го направи, ќе си ја избричи главта. Овој настап на Лабунски и конфликтот со Ѓорѓе ќе го гледате оваа сабота.

Инаку, таткото на Адам е константна поддршка на својот син во Белград.

извор:блиц.рс

To top