Македонците можеби се поделени во тоа колку им се допаѓа најновата песна на Елена Ристеска „Текила и лимон“, но затоа пак во Србија таа е огромен хит.
Тоа го потврди и ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, која токму на оваа песна која крена голема прашина кај нас, игра пред огледало во еден салон за убавина, а нејзиниот пријател ја снима.
Објавата за само неколку часа има околу 100 илјади прегледи од профилот на Анастасија која пее и меша со задникот, а со тоа потврди дека ова е една од нејзините омилени песни периодов.
Имено, во коментари, обожавателите од Македонија веднаш ја означија и Елена, па се приклучија и нејзините другарки, Тијана Дапчевиќ, за подоцна и Елена да им врати со симболично срценце во коментар.
Инаку, Анастасија е една од најактивните кориснички на социјалната мрежа Инстаграм каде најчесто објавува фотографии на кои позира и видеа каде пее.
Ова е едно од нив: