Радио Милева

Србија влезе во финале на Евровизија со помош на Македонија, а овој познат Македонец беше горд за пласманот како дел и од српскиот тим (фото)

Србија влезе во финале на Евровизија со помош на Македонија, а овој познат Македонец беше горд за пласманот како дел и од српскиот тим (фото)

Српската претставничка Невена Божовиќ, синоќа ја израдува Србија со тоа што обезбеди пласман во финалето на „Евровизија“ со одличниот настап за песната „Круна“.

Невена се најде меѓу 10-те најдобри песни, кои од првото полуфинале преминаа во завршницата на големиот европски музички натпревар кој е закажан за сабота.

фото:инсатграм/евровизија

Она што е интересно дека дека нашите северни соседи си обезбедија карта за во финале со помош на Македонија, односно со тоа што нашиот композитор Дарко Димитров замеша прсти и го направи аранжманот на песната „Круна“.

фото:инсатграм/дарко димитров

Дарко работеше заедно со пејачката Невена која самата ги напишала музиката и текстот. Но со здружени сили, успеаја да се пласираат меѓу најдобрите.

фото:инстаграм/даркодимитров

Откако беше прогласено дека Србија влегува во финеле, Димитров се радуваше во српскиот тим.

фото:инстаграм/даркодимитров

Но, бидејќи тој во Тел Авиви е заедно и со македонскиот тим, односно е еден од авторите на „Proud“, веруваме дека ќе ни се посреќи како и на Невена, па ќе го гледаме повторно како се радува, но овојпат заедно со Тамара Тодевска во четврток, па и на финалето во сабота.

To top