Радио Милева

„Солзи сами капат“: Весна Бејби Петрушевска со емотивна порака за синот кој се сели во САД!

„Солзи сами капат“: Весна Бејби Петрушевска со емотивна порака за синот кој се сели во САД!

Синот на актерката Весна Бејби Петрушевска, Кирил Тренкоски ќе замине  кај својот татко во САД  каде ќе заврши четврта година гимназија и ќе продолжи на факултет.

„Броиме ситно со Кирил кој ќе оди во Хјустон за да заврши гимназија и факултет. Тој е едно од децата кои сакаат да го освојат светот. Безброј пати го прашував дали е сигурен и секогаш без двоумење одговара потврдно. Немам подобра опција да му понудам во овие луди времиња. Не прашувајте, срце ми се кине. Убав на мајка. Го гушкам, плачам ко некоја задушна баба секој ден, а он ми вика: „Мамо, мислев умрел некој, ме исплаши“, напиша неодамна Петрушевска на „Фејсбук“.

Меѓутоа, таа сега на својот „Инстаграм“ објави емотивно видео на кое се прикажени фотографии од нивниот заеднички одмор и истакна дека остануваат уште 9 дена до неговото заминување во Сад.

“Некој брои гласови,некој денови…родителот треба да е лакот,а стрелата вашето дете.Се е возбудливо и точно кога ќе прочиташ кај Џибран,ама е зафркнато кога треба да го оптегнеш лакот и да летне стрелата.Солзи капат сами…..гаќи и патики му купив дека немало таму?под стрес може и семки ќе му спакувам“, напиша актерката во описот на објавата.

To top