Македонскиот модел Катарина Ивановска се породи и стана мајка по вторпат, односно роди девојче.
Катарина неодамна откри дека со сопругот одлучиле девојчето да го крстат Кира, име по нејзиниот на татко Кире.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/katarina-ivanovska-go-otkri-polot-i-imeto-na-bebeto-iako-nosi-devojche-toa-kje-se-vika-po-tatkoto-na-manekenkata-foto/
Први честитки најверојатно пристигнаа од нејзините најмили и најблиски, но и од нејзината другарка, пејачката Тамара Тодевска.
Тамара на „Инстаграм стори“ сподели фотографија и напиша: „Добредојде бебе Кира“, а во описот ја означи и Катарина Ивановска.
Тамара и Катарина се добри пријателки и често се дружат како тие, така и нивниите деца. Па на социјалните мрежи често може да видиме по некоја фотографија од нивните заеднички дружења.
Инаку, пред неколку дена Катарина на социјалните мрежи го сподели креветчето од нејзината наследничка и покажа каде нејзината ќерка ќе ги поминува првите месеци.
За потсетување, Катарина од бракот со Цобе веќе го има синот Вања.
Честитки од редакцијата на вистина.ком.мк