Водителката Елена Стојановска – Јанковска со години имате прилика да ја гледате на утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на Сител телевизија.
Професионално, позитивно, ведро им посакува добро утро на гладачите и ја води програмата која почнува во раните утрински часови.
Елена гостуваше во „Магазин“ на Сител каде што зборува за своја работа, кариера, анагжамни, за приватниот живот.
Имено, таа истакна дека долго време води утринска емисија, па е навикната да станува во раните утрински часови дури и кога не е на работа.
Стојановска потенцираше дека многу си ја сака работа и дека воопшто не и стресно да биде пред ТВ екраните од сабајле.
Покрај за работата, Елена проговори и за својот приватен живот.
Имено, таа е во брак со сопругот Огнен, а сега пред камерите на телевизијата во која работи откри дека не лесно нашла љубовта на својот живот и откри како го запознала сопругот.
„Мислам дека Огнен е човекот кој што ми е пратен за да ме направи комплетно среќна. Претходно не можам да кажам дека сум била среќна во љубовта. Огнен е мојот прв вистински партнер, момче и сопруг и се’“, вели Стојановска за „Магазин“ и открива како изгледало нивното запознавање.
„Јас не знаев дека тој работи во тогашниот музички медиум во кој што работев и јас. Го видов еднаш и мислев дека е дојден на гости. Тогаш многу се одеше на журки. Го видов на една техно забава, каде што се слушаше тешка музика. Со другарката излегов надвор и тогаш го видов. Следниот ден го видов повторно на работа, сфатив дека не доаѓа на гости туку дека работи во медиумот во кој работев. Потоа, двајцата се заминавме од медиумот, меѓутоа, на следното видување со Огнен ми стана момче“, раскажува Елена.
Инаку, двојката од бракот ја има ќерката Илина за која вели дека и е како другарка и со неа да разговара за се’.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/koga-maz-ti-e-ubav-kako-turski-glumec-voditelkata-elena-stojanovska-se-pofali-so-soprugot-foto/