Рада Манојловиќ и Емир Ѓуловиќ снимија видеоспот за заедничката песна насловена „Свадба“. Во филмската адаптација на оваа песна, пејачката сними неколку сцени, во кои Рада го покажа сиот свој сексапил.
Како што можеме да видиме во видеото, Рада најпрво се капеше во када полна со млеко, а кога излезе, покажа какво секси тело.
Видеото е снимено на еден салаш во близината на Нови Сад, а судејќи според коментарите на социјалните мрежи и прегледите на Јутјуб, веќе имаме нов хит.
Погледнете го видеото за песната „Свадба“: