Рада Манојловиќ за прв пат јавно зборуваше за кавгата со еден од најпопуларните српски фолкери Аца Лукас.
Рада и Аца се во кавга повеќе од пет години, а една од најпопуларните и најатрактивни српски пејачки зборуваше за прв пат на оваа тема.

„Лукас е посебен, има специфични шеги како на своја, така и на туѓа сметка, и него така треба треба да го прифатите. Никогаш јавно не зборував за тоа, но повеќе од пет години тој и јас не зборуваме, а причината е неговата караница со Милан Станковиќ. Тие не се поднесуваат, а Лукас даваше различни изјави од типот:

“Ако на Милан не му беше Саша Поповиќ, че беше и понатаму медицинска сестра во Обреновац”. Само затоа што бев во врска со Милан, ме прозва и мене. Се сеќавам кога Милица Павловиќ во „Ѕвездите на Гранд“ ја пееше мојата песна, Лукас и рече дека сè беше одлично, но песната што ја избрала е глупаво и дека не може да ја слуша. Беше тотално против нас, но јас само се повлеков. Па, замислете јас да му возвратам на еден Аца Лукас?! – рече Рада.
А за тоа дали по пет години нешто се променило во нејзиното однесување кон Лукас, Рада вели:
„И јас пораснав и сега можам и да одговорам, да го чепнам, да го прозвам … Сега нема повеќе да му молчам“.
Сепак, Рада и Лукас ги закопаа „воените секири“, па дури заедни беа гости и во емисијата „Амиџи шоу“ .