Српските ѕвезди освен што настапуваат во својата држава, тие имаат и мнгоу настапи и надвор од Белград.
Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Македонија, Канада, Австралија, Германија, Швајцарија…се само некои од државите каде што познатите за викенд ги полнат дискотеките, но и буџетот.
Овој викенд пејачката Радмила Манојловиќ требало да настапува во Швајцарија.
Меѓутоа, Рада била задржена на швајцарскиот аеродром, а по проверка на документите не била пуштена да влезе во Швајцарија и да го одржи својот концерт туку била вратена во Србија.
Како што вели пејачката по проверката на документи, таа била оставена на милост или немилсот на еден полицаец.
„Се случи нешто што не може да се случи. Полицаецот требаше да одлучи дали ќе ме пушти или не. 99% можеше да ме пушти, а тој одлучи да ме малтретира и да не ме пушти“ вели Рада.
Рада истакна дека ја има работната виза која и била потребна.
„Поради „Ноќ на вештерките“, нивната администрација доцнеше. Односно визата пристигнала пред 14часот во четврток, а крајниот рок беше во 12 часот во четврток“ објаснуваат соработниците на Рада.
„На Швајцарија и е платен данок за мојот настап. Јас секој месец настапувам во Швајцарија. Значи, полицијата на Цирих и дозволи концерт на Рада, а сега друга полиција не ме пушта“ вели пејачката.
Манојловиќ дека тие се обратиле и најдобриот швајцарски адвокат за музички права.
„Тој беше шокиран дека не можам да влезам во државата. Тој прв ми кажа дека можам да влезам во Швајцарија. Не му се верува дека не ми дозволија да одржам настап“ вели Манојловиќ.
Рада истакна дека газдата на дискотеката ќе го тужи тој полицаец.
Целото објаснување погледнете во видеото подолу.