Пејачката Рада Манојловиќ работи многу, поради што и треба одмор, но понекогаш и витамини кои ги добива преку инфузија. Таа сега проговори од болница и се пошегува со своите придружници дека наместо додатоци во исхраната добива урина. Следбениците на Рада веднаш почнаа да ја провоцираат и да пишуваат дека не знае што прима, со оглед на тоа дека течноста овој пат имала жолта боја:
– Драги мои, да ви се јавам повторно, пак се боцкам во вена. Ми пишуваат: „Што знаеш за таа жолта ќеса за која си врзана“. За вакво паметно прашање единствениот паметен одговор е – урина. Што друго би било? – рече Рада Манојловиќ, а потоа преврте со очите, додека таа често е мета на многу луѓе поради теориите на заговор што ги изнесува во јавноста, како онаа за вакцините против корона вирусот.
– Следното што ќе ми стават е катран. Таму, гледате дека сѐ знам – иронично додаде Рада и повторно ги преврте очите, предизвикувајќи голем број коментари на ТикТок и Твитер. Рада, инаку, пред неколку дена сподели фотографија од клиниката на која се гледа дека е бледа, измачена и дека е приклучена на инфузија. Таа потврди дека и се слошило пред настапот:
– Пред настапот во Калгенфурт не можев да зборувам од болки – напиша таа на Инстаграм.