Радио Милева посебно лице

Рада Манојловиќ го смени целиот тим на соработници – а еве на кого му ја довери менаџерската работа (фото)

Рада Манојловиќ го смени целиот тим на соработници – а еве на кого му ја довери менаџерската работа (фото)

Рада Манојловиќ и нејзината сестра Марија ја подигнаа деловната соработка на повисоко ниво.

Имено, познато е дека пејачката ја носела и сестра си на настапи бидејќи по професија е шминкерка, но сега одлучила да и додели нова титула – менаџер!

Марија од почетокот на оваа година е задолжена за закажување на настапите на Ради, а веќе и завршила одлична работа бидејќи има закажано 20.

Според извештаите, од тоа ќе инкасираат дури 160.000 евра! Но, покрај тоа, пејачката реши да го смени целиот тим на соработници, па веќе има нов клавијатурист и нов возач.

Сето ова пејачката и го потврдила.

– Маја не ми е само сестра, таа ми е и најдобра пријателка, рамо за плачење, а сега и мој менаџер! Таа исто така ме шминка и ме советува што да облечам за настап. Маја е единствената личност за која сум сигурна дека нема да внимава само на сопствените интереси. Таа искрено ме сака и покажа колку и е важна мојата кариера. Сега ја имам најубавата и најдобрата менаџерка, која ме тера што поскоро да објавам нови песни, бидејќи навистина имам многу во моите фиоки – изјавила пејачката, според „Информер.рс“. Додека пак нејзинатанова менаџерка и помлада сестра Марија вели дека нема да дозволи никој да манипулира со Рада.

– Претходно разговаравме за мојот деловен ангажман, но имав некои приватни обврски. Сега сите пари остануваат во куќата! Нема да дозволам никој да манипулира со сестра ми. Заедно одиме на ревии, имаме нов клавијатурист, како и возач кој не вози до понатамошните дестинации.

Фото: Принтскрин/ИнстаграмРада Манојловиќ/Тв Пинк

To top