Атрактивната пејачка и нејзиниот девет години помлад колега одлучиле да се венчааат, но далеку од очите на јавноста, пренесува „ало.рс“.
Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ одлучиле да се веначат далеку од Србија, на некоја егзотична дестинација, па се мислат меѓу Малдивите и Бора Бора.
„Рада и Харис ги надминаа сите „детски“ кавги. По многу недоразбирања, нивната врска конечно е цврста и стабилна, па затоа одлучија да ја официјализираат. Меѓутоа, таа вест ја кријат од јавноста. За венчавката не соопштија ниту на најблиските“ вели извор кој е добро известен за нивната љубовна романса.
Тој додава дека и двајцата се пресреќни и дека едвај чекаат да станат сопруг и сопруга.
„Последниот месец, Рада имаше многу настапи по Европа, а и Харис имаше многу работа по Босна и Херцеговина. Слободното време го користија за да бидат заедно, а сега планираат и венчавка. Верувајте и двајцата се возбудени и едвај чекаат да бидат сопруг и сопруга. Рада отсекогаш сакаше да се венча во бел фустан на плажа и сега тоа ќе и се случи. Тие веќе добија понуди за организација на целиот ден на Маливите или Бора Бора, но им останува да се одлучат“ вели изворот.
За потсетување, во српските медиуми често се пишуваше дека Рада и Харис раскинале, но се остана само на шпекулации.