Промотер

“Punish Him” – нова песна на македонскиот рок и блуз гитарист Игимен (ВИДЕО)

“Punish Him” – нова песна на македонскиот рок и блуз гитарист Игимен (ВИДЕО)

Неодамна објавена е новата песна и видеоспотот на талентираниот и креативен млад автор и изведувач Игор Станоески – Игимен. “Punish Him” е насловот на темата за која музиката, текстот и аранжманот ги направил самиот Игор,  која воедно е и водечка на истоимениот албум, на кој му претходеше дигиталното објавување на синглот “Ain’t Nobody Business”. Придружните вокали во оваа песна ги отпеала Рената Симоновска (Renne Simonne).

Песната како и албумот се снимени во студиото “АлШар” во Скопје, под аудио-инжинерската палка на Ивица Јанкуловски. Видеото е снимено во истоименото студио од страна на Филип Филиповски како директор на фотографија и камера и Боро Арсовски – камера и техничка помош, додека за режијата која е во доменот на видео концепт како и монтажата и видео постпродукцијата се погрижил Оливер Станоевски.

Гости – музичари на песната покрај стандардната ритам постава Пере Ангелов на бас гитара и Гоце Стевковски на тапани, се и Гордан Спасовски на пијано и Јордан Костов на хармоника. Песната претставува жанровски микс од блуз, рок и кантри музика, додека пак текстот е на англиски јазик и има сатиричен контекст.

Во продолжение уживајте во најновото од Игимен:

To top