Радио Милева

Пукна тиквата: Рада Манојловиќ раскина со Харис поради црна магија?

Пукна тиквата: Рада Манојловиќ раскина со Харис поради црна магија?

Пејачката Рада Манајловиќ раскина со момчето Харис, а како што пренесуваат медиумите пејачката се сомнева дека и било направено црна магија. Имено, пејачката доживеала нервен слом кога дознала дека Харис ја изневерува.

Таа долго време не сакаше да верува дека Харис ја изневерува, но кога девојката со која Берковиќ заврши во кревет и прати слика на Рада, Манојловиќ ја потврди вистината.

„Рада мисли дека некој и направил магија, па затоа нема среќа во љубовта. И оваа врска и се распадна,иако таа се бореше да ја спаси врската, но и Харис да го прифатат од страна на пријателите и роднините, изјави извор близок на пејачката и додава:

„Беше очајна кога ја виде фотографијата на која Харис е со друга девојка. Се прашуваше зошто не може да најде момче со кое ќе има стабилна врска. Сите нејзини другарки се омажија, а таа една од ретките на естрадата која нема маж. Дури и нејзиниот татко често и вели дека е време да има свое гнездо. Свесна е колку љубомора има меѓу колегите и сигурна е дека некој и прави црна магија. Така, неодамна на една другарка и призна црните магии и ја уништиле врската со Харис, изјави соговорникот.

Манојловиќ неодамна изјави дека нејзините комшии и правеле магии во нејзиниот двор, па наоѓала разни работи, пренесува Телеграф.

„Многу пати наоѓавме свеќи, црвен конец, но со тоа не ни можат ништо, нив им се враќа, изјави Рада во една прилика.

Дали навистина Рада е слободна и нема повеќе момче останува да видиме.

 

To top